СОРАБОТКА И ФОРМИРАЊЕ СТРАТЕГИСКИ СОЈУЗИ ПОМЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ
Апстракт
Агендата која ce однесува на тероризам што ce поерзуеа со транснационалните организирани криминални групи постојано ce проширува. Најмногу од активностите во кои терористичките групи мора да учествуваат за да ги постигнат своите цели ce криминални, додека во некои случаи криминалните активности ce употребуваат стратегиски како дел од механизмот за финансирање на терористичките организации. Заемното дејство помеѓу тероризмот и транснационалниот организиран криминал станува подлабоко и покомплексно.
Овој труд ги идентификува трите главни модели на криминално/терористички интерфејс: интеракција - алијанси за остеарување заеднички профит; дискретна вмешаност на терористичките групи во организираниот криминал со елиминирање на посредникот, но одржување на идеолошките спогодби на нивната стратегија; и замена на идеологијата со профит како главен мотив за дејствување.
Во овој труд ќе ce анализира еден дел од терористичко-криминалниот спектар - постојаната/редовна заедничка соработка, делење на целите и формирање стратегиски сојузи помеѓу терористичките групи и транснационалните криминални организации.
Downloads
Авторски права (c) 2016 Тања Милошевска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.