ТЕМАТСКА АНАЛИЗА: ОСВРТ КОН МОЖНОСТИТЕ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
Апстракт
Тематската анализа е широко употребуван метод на анализа ео психолошките истражувања, како во оние кои ce примарно квалитативни, така и во оние кои го комбинираат квалитативниот и квантитатиениот пристап. Трудот накусо ce осврнува на тоа што претставува тематската анализа и како ce користи во рамките на различни епистемолошки и онтолошки позиции, објаснувајќи ги главните карактеристики на различните видови тематска анализа кои ce користат. Потоа, дискутирајќи ja неопходноста од преиспитување на процесот на анализа на систематски начин, ги објаснува стартегиите кои треба да ce преземат за да ce обезбеди повторливост (релијабилност) и кредибилност (валидност) на наодите генерирани со овој пристап. Текстот завршува со издвојување на некои од предностите и слабостите на тематската анализа, заедно со сугерирани критериуми за одлучување во кои случаи овој метод е најсоодветно решение за анализа и интерпретација на податоците. Заклучено е дека иако е многу корисна, тематската анализа, поради нискиот степен на интерпретативност, не е соодветна за одговараље на истражувачки прашања кои барат поголема фокусираност на даден аспект или правење фини разлики меѓу различни групи испитаници.
Downloads
Авторски права (c) 2016 Николина Кениг

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.