ХИПОКРИТСКИ КОН ХИПОКРАТ
Апстракт
Во османлиска Македонија силно ce чувствувал недостатокот од професионален медицински кадар. Со исклучок на турските воени екими што ги опслужувале месните гарнизони, во македонските градови во втората половина на XIX век работел занемарлив број христијански лекари. Присустеото, пак, на лекари во селата било вистинска реткост. Ваквите околности придонеле лекарите да ги заземат повисоките скалила на општествената пирамида. Странските пропаганди биле свесни за перспективите што би ce отвориле доколку успеат да обезбедат патронажа врз македонските медицинари. Влијанието што го нудела лекарската професија им овозможувало на лекарите успешно да агитираат кај македонскиот народ во полза на своите работодавци. Оттука, во последната деценија на XIX век, министерствата за надворешни работи на балканските држави не штеделе средства за финансирање на своја лекарска фаланга во Македонија. Прва жртва βο оваа борба за осеојување на следбеници било токму македонското христијанско население, кое за да ги задоволи своите основни хумани и здравствени потреби било принудено дa прави компромиси со себе и со својата национална свест.
Во долните редови ќе го разгледаме начинот на кој бугарската и другите пропаганди на балканските држави ja користеле медицината за да ги остварат своите завојувачки планови вο Македонија. Притоа, со компаративна анализа ќе ja тестираме тезата на бугарската историографија дека грчките, српските и романските лекари биле пропагатори, a дејноста на бугарските лекари била
„чисто хумана и насочена кон лекување на болното бугарско население.“
Downloads
Авторски права (c) 2016 Никола Минов

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.