Улогата на родовиот идентитет и полот во самообјектификувањето

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1770157k
Клучни зборови: САМООБЈЕКТИФИКАЦИЈА, РОДОВ ИДЕНТИТЕТ, ПОЛ

Апстракт

Главната цел на ова истражување е да ce испитаат односите меѓу самообјектификацијата и родовиот идентитет кај младите жени и мажи. Тестирани ce врските помеѓу два аспекти на самообјектификацијата (самонадгледување и незадовослтво од телото), физичката активност и времето поминато во „разубавуеање “, од една страна, и полот и родовиот идентитет, од друга страна. Студијата е направена врз примерок од 340 испитаници, етнички Македонци (50 % мажи) на просечна возраст où М = 25,21 години (SD = 5,60). Tue дадоа информации за основните демографски варијабли, вклучувајќи и податоци за самопроценетото време поминато во физичка активност и во „ себеразубавување “ во текот на неделата. Исто така, испитаниците одговорија на две супскали на Скалата за објектификација на телото (McKinley & Hyde, 1996), како и на инструмент наменет за процена на женственост/мажественост (Barak and Stern, 1986). Трите поставени хипотези, тестирани со помош на двонасочна АНОВА и со утврдување коефициенти на корелација, само делумно ce потврдени преку добиените наоди. Ce заклучи дека жените имаат тенденција да ce самообјектификуваат повеќе од мажите и дека оваа тенденција е ео интеракција со степенот до кој ce идентификуваат себеси со традиционалните родови норми. Покрај тоа, резултатите укажуваат дека самообјектификацијата има различни ефекти врз однесуеањето кај жените и мажите, од аспект на нивното здравје.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2018-12-07