Високото образование и платите
Апстракт
Образованието е од витално значење за динамичен раст и развој. Високото
образование е значајно за секоја држава. Тоа е уредено со системски прописи и подза-
конски решенија. Во трудот интересот е насочен кон платите на вработените во
државното високо образование, со оглед на нивното долгогодишно заостанување. Се
анализираат формите на плаќање на вработените и се споредува висината на пла-
тата со просеците во државата. Во трудот се предлагаат решенија кои се од значе-
ње за ова прашање, особено за оформување модел на плати кои ќе соодветствува на
значењето што го има образовниот сегмент од општеството. Статусот на нас-
тавниците како даватели на услуги е несоодветен и не е уреден од аспект на пла-
тите и надоместоците за вложениот труд. Без мотивирани наставници и профе-
сори кои го спроведуваат системот на високото образование не може да се очекува-
ат промени и резултати во однос на квалитетот на кадрите кои се продуцираат
на универзитетите. Во отсуство на култура на вреднување на знаењето, се офор-
муваат постулати кои на долг рок не можат да ги променат вредностите системи
во општеството.
Downloads
Авторски права (c) 2018 Јован Пејковски

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.