ИСТОК – ЗАПАД ВЕРСУС ЗАПАД – ОСТАТОК Кратка содржина
Апстракт
Текстот тргнува од перцепцијата и рецепцијата на глобалистич-
ките, односно антиглобалистичките процеси во изминатите 20 години, кои
доведоа до голем раст на економската, политичката и воената моќ на некои
нови (или повторно зајакнување на некои стари) светски сили, какви што се,
на пример, Русија, Кина, Турција, Иран, Индија, Бразил и други. Врз основа на
новата реалност на светската економска, геополитичка и културна „кар-
та“, текстот настојува да даде аргументи за застареноста на традицио-
налната цивилизациска, културна и општа „аксиолошка“ поимно категори-
јална поделба на Исток и Запад, и сите стереотипи, заблуди и предрасуди на
таа поделба, пласирани, пред сé, од страна на моќната западна медиумска
пропагандна машинерија во изминатите речиси два века. Жестоката и крва-
ва борба за зачувување на сопствената хегемона и доминантна позиција на
досегашните империјални и постколонијални сили (претежно високоразвие-
ните капиталистички држави на ЕУ и на НАТО, на чело со САД) и нивниот
третман на сите други како постколонијален „остаток на светот“ им дава
за право на сите оние аналитичари од различна философска, научна и тео-
лошка провениенција, кои синтагмата The West and the Rest (Западот и ос-
татокот) ја сметаат за најточен поимно категоријален „одраз“ на новата
светска реалност.
За волја на вистината, оваа синтагма станува сé повеќе евидентна и
незаобиколива и на полето на истражувањето и дејствувањето на една тол-
ку битна наука и пракса за човечкиот опстанок денес – биоетиката.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Denko Skalovski
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.