„НОВАТА“ ГЛОБАЛНА ПОДЕЛБА НА ТРУДОТ ПРОМИСЛЕНА НИЗ ПРИЗМАТА НА РОДОТ И КЛАСНИТЕ РАЗЛИКИ: ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА И ЗАТВОРСКИОТ ТРУД
Апстракт
Во овој труд вниманието е посветено на општествено-економскиот
аспект на т.н. „нова глобална поделба на трудот“ или „глобален синџир на
вредности“ со акцент врз родовата компонента. Во анализата се опфатени
текстилната индустрија и затворскиот труд, познат како „затворски ин-
дустриски комплекс“, кои се составен дел од структурирањето и поделбата
на трудот во светски рамки. Поаѓајќи од теориите и истражувањата во до-
менот на глобалниот развој, неомарксистичката феминистичка теорија,
како и од актуелните новини во сферата на економијата и пазарот на тру-
дот, целта на овој труд е да покаже дека „новата“ глобална поделба на тру-
дот е неодржлива и штетна за жените во светот и, воопшто, за сите соци-
јално ранливи категории луѓе. Воедно, во трудот се укажува на потребата од
креирање родово-сензитивни политики коишто ќе ги земат предвид специ-
фичните состојби на жените и мажите во сите контексти, како и специ-
фичните родови ефекти што произлегуваат од социоекономските политики
на глобален развој.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Сузана Симоновска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.