ЧИТАЧКИ ВЕШТИНИ КАЈ ЛИЦА СО МАКУЛАРНА ДЕГЕНЕРАЦИЈА
Апстракт
Макуларната дегенерација (МД) вклучува цела низа прогресивни и де-
генеративни промени во макулата. Иако е оштетен централниот вид, пери-
ферниот вид кај MД обично е зачуван. За жал, не постои ефикасен медицин-
ски третман за повеќето макуларни дегенерации, поради тоа рехабилитаци-
јата треба да се фокусира на развојот на визуелните компензаторни меха-
низми.
Поради оштетување на централниот вид, лицата со МД имаат теш-
котии во читањето. Проблемите во читањето се примарна тешкотија, во-
едно и примарна цел во рехабилитацијата на видот кај лицата со МД. Во
моментот, преовладувачки методи во обуката за читање е зголемување на
текстот и свесност за скотомот. Исто така, поновите истражувања ука-
жуваат дека специфичната окуломоторна обука, отстранување на т.н визу-
елен хаос и користење посебни фонтови се корисни во рехабилитација на
вештината за читање. Целта на оваа статија е да се анализираат и да се
дискутираат методите и адаптациите што се достапни денес и што може
да се искористат во рехабилитација на читањето кај лица со MД.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Даниела Димитрова Радојичиќ

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.