СИСТЕМАТСКИ СЕМЕЕН ПРИСТАП ВО РАБОТА СО ЛИЦА СО НАРУШУВАЊЕ ВО ИСХРАНАТА

  • Софија Георгиевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972445g
Клучни зборови: НАРУШУВАЊЕ ВО ИСХРАНАТА, АДОЛЕЦЕНТИ, ПСИХОТЕРАПИЈА

Апстракт

Нарушувањата во исхраната биле познати од дамнешни времиња, но
во денешно време тие претрпеле многу измени. Првите записи за нарушува-
ња во исхраната се забележани уште во античко време, па кај римските им-
ператори итн. Постојат пишувани документи за изгладнувања и прекин на
менструалниот циклус кај монахињи уште од деветтиот век. Сенека, за
тогашниот начин на живеење, рекол: „Луѓето јадат за да пoвраќаат и повра-
ќаат за да можат повторно да јадат“. Тоа, во суштина, ја претставува раз-
ликата на тогашниот начин и стил на живеење и денешните нарушувања во
исхраната, при што основната цел е намалување на телесната тежина.
Нарушувањата во исхраната означуваат нездрави навики во хране-
њето, односот кон храната и одржувањето на телесната тежина, а заеднич-
ка карактеристика на сите растројства во исхраната е растројството во
перцепцијата на своето тело.
Болестите на нарушување во исхраната се значаен психолошки, соци-
омедицински и општоздравствен проблем. Најновите светски истражувања
и нивните резултати покажуваат дека е неопходно да се инвестира во пре-
венција на овие заболувања, во адекванта обука и едукација на родителите во
формирањето здрави навики во исхраната кај децата, едукација на медицин-
ските лица во рано препознавање и откривање на ризиците, а подоцна и забо-
лувањата на нарушувања во исхраната, едукација во училиштата и други
стручни кадри што имаат контакт со популацијата која е во ризик за раз-
вој на нарушување во исхраната.
Адолесцентите ја претставуваат групата која се наоѓа во најголем ри-
зик за развој на нарушување во исхраната од кој било вид, што е потврдено во
спроведеното истражување. Влијанието на современиот начин на живеење,
влијанието на медиумите, врсниците, целиот социокултурен притисок врз
личноста, а и многу други надворешни фактори го поттикнуваат и го зголе-
муваат бројот на лица со нарушувања во исхраната.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16