АДМИНИСТРАТИВНИ РЕФОРМИ НА ЕВРОПСКИТЕ СИСТЕМИ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА: ТРЕНДОВИ И ПРЕДИЗВИЦИ
Апстракт
Иницијативите за социјални реформи се дел од владините агенди на
речиси сите европски држави. Воведувањето поддршка за домаќинствата
преку гарантирање минимум приходи, активација на корисниците на соци-
јална парична помош, како и развивање интегрирани услуги во локалната за-
едница се главните предизвици на современите системи на социјална заш-
тита.
Рефлектирајќи го значењето на институциите (поставеност, орга-
низација и административен капацитет) како клучен услов за постигнува-
ње на социјално прифатените цели, европските земји спроведуваат инсти-
туционални реформи на системите на социјална заштита. Тие се во потра-
га по подобрени институционални аранжмани заради максимизација на
ефектите од политиките насочени кон намалување на социјалните тензии
во општествата и јакнење на социјалната инклузија. Во повеќето случаи,
земјите воведуваат административни модалитети засновани на менаџер-
ските доктрини на управување (нов јавен менаџмент), додека други експери-
ментираат со некоја форма на децентрализација, која обично вклучува ини-
цијативи за локално доставување на социјалните услуги и, во одредени слу-
чаи, поврзување со службите за вработување. Сепак, иако дел од администра-
тивните реформи се спроведуваат со иста цел, водат кон различни инсти-
туционални решенија како резултат на општествениот контекст во кој се
реализираат.
Во овој труд се претставени трендовите во развојот на системите на
социјална заштита на европските држави, кои и покрај напорите за конвер-
генција на социјалните политики и создавање единствен социјален модел, сè
уште покажуваат диверзитет на правни и институционални решенија на
национално ниво.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Наташа Богоевска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.