РОДОВАТА ДИМЕНЗИЈА НА БЕГАЛСКАТА КРИЗА ВО ЕВРОПА

  • Зорица Салтировска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972361s
Клучни зборови: БЕГАЛСКА КРИЗА, РОД, НАСИЛСТВО, СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО, ЕУ, ПОЛИТИКИ

Апстракт

Од почетокот на 2015 година, Европа се соочи со бегалска криза во која
илјадници луѓе ги ризикуваа своите животи за да стасаат во Европа. Европ-
ските политичари и медиуми го означија ова како нов проблем со кој се соо-
чува ЕУ, не поради тоа што кризата беше комплетно нов феномен, туку по-
ради енормно зголемениот прилив на бегалци од конфликтните региони,
пред сè од Сирија, Авганистан, Еритреја и Сомалија. Само во 2015 година по-
веќе од еден милион бегалци побараа азил во Западна Европа. Најголемиот дел
од нив транзитираа од Турција, преку Грција и државите од Западен Балкан
за да стасаат до крајните дестинации на север. Опасностите со кои се соочу-
вале на својот пат се прикажани во многу извештаи на Меѓународната орга-
низација за миграција, Советот за безбедност на ОН и други организации и
тела вклучени во целата криза. Сепак, многу малку внимание е посветено на
родовата димензија на кризата и искуствата на жените-бегалци во неа. Овој
труд ги третира токму искуствата на жените во оваа бегалска криза, проб-
лемите со кои се соочувале, третманот кон нив и напорите што се направе-
ни за да им се помогне во заштитата на нивните човечки права, но и во дос-
тапноста на услугите поврзани со нивните специфични потреби.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16