КОНЦЕПТОТ НА ТЕРОРИСТИ ВОЛЦИ-САМОТНИЦИ
Апстракт
Природата на тероризмот значително се промени во текот на по-
следната деценија. Во последниве години, феноменот на таканаречениот те-
роризам волци-самотници се зголеми со сè повеќе напади извршени од страна
на поединечни актери. Промената на природата на тероризмот предизвика
дебата за тоа како точно да ги опишат поединците кои дејствуваат независ-
но од синџирот на команда на терористичката организација. Концептот на
осамениот волк треба да се преиспита и приспособи на променетите окол-
ности. Целта на овој труд ќе биде фокусирана на една од најнепредвидливите
форми на терористички акти – оние што ги извршил еден поединец, т.н.
волк-самотник. Политички, концептот осамен волк се користи за да се уве-
ри јавноста и да се каже дека опасноста повеќе не е иманентна. Најтешкиот
дел во откривањето волци-самотници е дека нивните напади се случуваат во
контекст на повеќе идеолошки рамки и не се ограничени само на една група
или систем на верување. Во моментов, има повеќе прашања отколку одгово-
ри за содржината и валидноста на концептот на волци-самотници, но тре-
ба да бидеме свесни дека надворешните услови се променија, а старите одгово-
ри можеби повеќе не се соодветни на денешниот тероризам реализиран од
еден поединец.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Тања Милошевска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.