ПОЛИТИКА НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ШВАЈЦАРИЈА
Апстракт
Политиката на национална безбедност на Швајцарија се заснова на
спецификите на швајцарската држава и се одлиува со голема сложеност и
комплексност. Оттука, проучувањето на безбедносната политика треба да
се заснова на нејзино целосно разбирање и темелно согледување на состојбите
за да нема импровизација и парцијализам. Ова значи дека безбедносната по-
литика треба да биде рационално фундирана и да ги синтетизира напорите
на сите безбедносни актери за да го обезбеди потребното ниво на безбедност,
за општеството, за нацијата, за граѓаните. Генерално, променетата природа
на безбедносните ризици и закани ја услови потребатадефинирање на безбед-
носната политика на Швајцарија, но наметна и усвојување нови пристапи за
безбедноста. Прифаќајќи ја ваквата реалност, Швајцарија мора да се приспо-
соби на новите околности заради заштита на националните интереси и по-
литиката на неутралност. Адаптирањето на безбедносниот систем во но-
вата безбедносна средина треба да биде израз и резултат на евидентна гене-
рална сеопфатна инклузија на сите субјекти што се оспособени за спроведу-
вање на безбедносната политика.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Оливер Бакрески
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.