МОРАЛЕН РАЗВОЈ, БИОЕТИКА И НИВНАТА ПОВРЗАНОСТ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕТО МОРАЛНИ ОДЛУКИ ВО ПРОФЕСИИТЕ НАСОЧЕНИ КОН ПОМАГАЊЕ

  • Ана Фрицханд Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972193f
Клучни зборови: МОРАЛЕН РАЗВОЈ, БИОЕТИКА, ДОНЕСУВАЊЕ МОРАЛНИ ОДЛУКИ, ПРОФЕСИИ НАСОЧЕНИ КОН ПОМАГАЊЕ

Апстракт

Моралниот развој започнува рано во животот и бележи најзначаен
напредок во детството и во адолесценцијата. Тој претставува важен домен
на развојната психологија и психологијата на морал, а е во интеракција со
други сродни научни дисциплини, како што е биоетиката. Биоетиката е по-
себно заинтересирана (но не ограничувајќи се) за моралните принципи и од-
луки во контекст на медицинската пракса, политика и истражувања.
Истражувањата покажуваат дека формалното и неформалното образование
за биоетика се значајно поврзани со моралниот развој на децата и адолесцен-
тите, бидејќи влијаат врз усвојувањето на моралните вредности, формира-
њето на идентитетот и системот на верувања, како и врз стимулирање на
моралното расудување. Други примери може да се најдат во процесот на до-
несување морални одлуки кај професионалците од т.н. професии насочени
кон помагање (пр. лекари, психолози, стоматолози итн.), каде што тран-
сформацијата на морално расудување во морално однесување е секојдневно
присутна. Се покажало дека апстрактното морално мислење не го објаснува
најдобро моралното однесување на поединецот, поради што се разиени „по-
средните концепти“. Овој труд ја разгледува потребата од континуирано
користење на знаењата од областа на моралниот развој и биоетиката, како
и корисноста од нивната интеракција, со цел подобро да се разберат меха-
низмите што лежат во процесот на донесување морални одлуки поврзани со
реални морални дилеми.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16