ПСИХОМЕТРИСКА АНАЛИЗА НА КРАТКАТА ВЕРЗИЈА НА СКАЛАТА НА СТАВОВИ КОН ЛЕЗБЕЈКИ И ГЕЈ-МАЖИ (ATLG-S)

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972169k
Клучни зборови: ПСИХОМЕТРИСКА АНАЛИЗА, ХОМОФОБИЈА, ПОМАГАЧКИ ПРОФЕСИИ, ATLG-S

Апстракт

Истражувањето е спроведено со цел да ги испита психометриските
својства на кратката верзија на Скалата на ставови кон лезбијки и геј-мажи
(ATL-S) преведенa на македонски јазик. Вкупно 500 студенти на додиплом-
ски студии кои студираат на пет различни дисциплини (медицина, стома-
тологија, психологија, специјална едукација и рехабилитација и социјална ра-
бота) доброволно учествуваа во истражувањето со давање одговори на неколку
прашалници: целниот инструмент (ATLG-S), Скала на трансфобија (TS),
Тест за коефициент на емпатија со осум ајтеми, кратка верзија на Скалата
на ориентација кон доминација (SDO) и кратка верзија на Скалата за довер-
ба во луѓето.
Анализата на податоците укажува на тоа дека внатрешната конзис-
тентност на ATLG-S скалата е соодветна како за целиот инструмент (α =
.90), така и за супскалите за ставот кон лезбијките (α = .85) и кон геј-мажи-
те (α = .77). Спроведената експлораторна факторска анализа со методот на
главни компоненти, проследена со облимин ротација, извлече двофакторско
решение на внатрешната структура на инструментот. Иако не е во соглас-
ност со претходните наоди, добиената структура може да се објасни и да се
смета за адекватна. Проверките на валидноста со методите на разлики ме-
ѓу групи, тестовите на конвергентна и на дискриминантна валидност, увер-
ливо потврдија дека ATLG-S е валидна и релијабилна мерка за негативни ста-
вови кон хомосексуалноста и ја поддржуваат неговата употреба како
инструмент кај студентите и практичарите кои работат во т.н. помагач-
ки професии.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16