ВОСПИТАНИЕТО, ВРЕДНОСТИТЕ И РАЗВОЈОТ НА ЛИЧНОСТА
Апстракт
Овој труд го разгледува прашањето кое перманентно се актуализира
во педагошката теорија, односно како дејствува воспитанието во развитокот
на личноста кога станува збор за прифаќање на определени вредности и вред-
носни ориентации. За современата педагогија секогаш било значајно праша-
њето како субјектот да ги прифати воспитните барања од општеството,
но и да формира свесен однос спрема нив и да изгради индивидуалност. Во оваа
смисла, често и во психологијата и во педагогијата се актуализираат проце-
сите и поимите интериоризација и интернализација.
Вредностите најчесто се сфаќаат како општи и хиерархиски органи-
зирани карактеристики на поединецот (диспозиции) или групата (елемен-
ти на општествена свест) кои се формирале под влијание на историските и
актуелните општествени и индивидуални фактори. Вредностите се форми-
раат по пат на социјално учење и кај индивидуата се развиваат способности
за процена на постапките и односите како добри или лоши, а со тоа е поврза-
но чувството за одбивност кон лошото и наклонетост кон доброто, како и
стремежот она што е сознаено како добро да се оствари со сопствено деј-
ствување. Оваа навидум јасна определба за вредностите и вредносните ориен-
тации изобилува со низа дилеми и неразјаснети прашања, како што е, на
пример, дали вредностите се традиционална или современа категорија, апсо-
лутна или релативна, објективна или субјективна. Проблемот повеќе се
комплицира кога станува збор за развивање способности и желби за прифа-
ќање, втопување, кога актот на воспитанието треба да се потврди со ак-
тот на меѓусебното приспособување на објективното и субјективното,
предметното и личното.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Анета Баракоска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.