НЕСПОЗНАТЛИВОСТА И НЕИСКАЖЛИВОСТА НА БОГ СПОРЕД ЏОН СКОТ (ЕРИУГЕНА)

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972067t
Клучни зборови: ЕРИУГЕНА, БОГ, АПОФАТИЧКИ, КАТАФАТИЧКИ, ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ, НЕИСКАЖЛИВОСТ

Апстракт

Во статијата се истражува негативната теологија употребувана од
страна на Џон Скот (Ериугена) во делото „За поделбата на природата“, ка-
ко јадрена структура во неговиот онтолошки систем. Апофатичките ста-
вови се круцијални во експозицијата на Ериугена на позицијата и улогата на
Бог, а со тоа и на слoженото функционирање на четирите поделби на приро-
дата и неговиот концепт за петте начини на интерпретација на постое-
њето. Основните категории во неговиот систем на природата се покажани,
заедно со најсилните тврдења за неискажливоста и неспознатливоста на Бог,
за потем да се анализира неговата методолошка рамка на катафатичката и
на апофатичката теологија во пристапувањето кон непристапната, нат-
суштинска, неразбирлива природа на божественото.
Ставовите на Ериугена за вредностите и значењето на двете гранки
на теологијата ги поставуваат не во конфликт или меѓусебно недоразбирање,
туку како комплементарни и во постојана хармонија. Најголем дел од тек-
стот се однесува на претпочитањето на Ериугена на негациите од апофа-
тичката теологија во говорењето за Бог, заедно со очигледната свесност дека
заслугите на катафатичката теологија се исто така значајни во изразување-
то на трагата од Бог како манифестација во создадениот свет; како и на не-
говиот дијалектички маневар на нагласување на важноста на повеќе-отколку
формулациите за божјата натсуштинскост. Затоа, разгледани се идеите на
Ериугена за формулите што по форма се афирмативни, а по значење нега-
тивни, за да се покаже неговото разбирање на предностите на синтезата на
катафатичката и апофатичката теологија, во форма на „хиперфатичка“
теологија што го изразува Бог како неизразлив (бидејќи е повеќе отколку из-
разлив).

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16