VITA PRACTICA: ΦΡΟΝΗΣΙΣ И СВ. МАКСИМ ИСПОВЕДНИК
Апстракт
Како продолжение на Аристотеловото дефинирање на φρόνησις како
доблест со која индивидуата се оспособува во секој поединечен случај да го нај-
де оптималниот избор за дејствување кое во заднината ја има генералната
слика за евдајмоничен живот, во специфичен средновековен контекст, φρόνη-
σις се концептуализира и во филозофијата на св. Максим Исповедник. Според
св. Максим Исповедник, φρόνησις претставува разбирање на практичните
нешта кое е поврзано со активниот живот, имено, „моќ за одлучување која ја
одредува соодветната употреба на разумот во праксата“ (Amb Io. 1109B).
Во овој текст ќе биде разгледан концептот φρόνησις во делата на св.
Максим Исповедник низ неколку аспекти: созданието како израз на Боже-
ствената φρόνησις, φρόνησις во рамките на системите на доблестите и
нејзината функција, φρόνησις како основа за vita practica и односот на vita
practica и vita contemplativа. Низ овие тематски точки ќе бидат изведени ка-
рактеристиките на φρόνησις кај св. Максим Исповедник кои ги рефлекти-
раат неговите тежнеења за помирување на микрокосмичките антиномии со
макрокосмичката парадигма на вечниот Логос.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Јасмина Поповска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.