СЕМЕЈНО-РАБОТЕН БАЛАНС КАКО ГЛАВЕН СТОЛБ НА СЕМЕЈНИТЕ ПОЛИТИКИ
Апстракт
Во трудот се прави преглед на литературата за рамнотежа меѓу рабо-
тата и семејството, вклучувајќи и дискусија за главните причини и исходи од
семејно-работниот баланс. Во трудот се претставува теоријата за граница ме-
ѓу работата и семејството – како нова теорија за семејно-работен баланс. Во
трудот се формулира концептуален модел кој ги поврзува работата, семејство-
то и границата меѓу нив - планирање на барањата и ресурсите за работа и ква-
литетно извршување на семејната улога. За решавање на предизвиците со кои
се соочуваат работниците кои се родители, а со цел балансирање на работните
и семејните обврски, во април 2017 година, Европската комисија ја предложи
иницијативата „баланс меѓу работата и животот“. Оваа иницијатива е клу-
чен резултат на Европскиот столб за социјални права. Директивата за рамноте-
жа помеѓу работата и животот поставува нови или повисоки стандарди за от-
суство на родители, татковство и старатели, и право да се бараат флексибилни
форми на работа. Во студијата се појаснува кои политики се познати во земјите
членки на Европската Унија. Понатаму, се анализира важноста од воведување се-
мејно- пријателски политики за рамнотежа меѓу работата и семејството и кои
препораки за политики се најдобри за нашата земја. Трудот завршува со предлози
за натамошно унапредување на македонските политики за семејство.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Македонка Радуловиќ
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.