УЛОГАТА НА СЕМЕЈНИОТ ЕДУКАТОР ВО РАНАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2073483k
Клучни зборови: СЕМЕЕН ЕДУКАТОР, СЕМЕЈНООРИЕНТИРАНА РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА, СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Апстракт

На глобално ниво, во последните неколку декади, професионалниот
третман на детето со попреченост добива поинакво филозофско гледиште, од-
носно од индивидуален е насочен кон комплексен холистички пристап кон це-
лото семејство. Во современиот пристап на семејно ориентираната рана ин-
тервенција, од особена важност е меѓусебната соработка помеѓу стручњаците,
односно трансдисциплинарниот модел каде тимот на стручњаци трансдис-
циплинарно дава услуги насочени кон семејството и детето. Овие услуги се ко-
ординирани и интегрирани за да може што подобро да се одговори на комплек-
сните потреби на детето со попреченост и неговото семејство.
Република Македонија со децении се соочува со проблеми во процесот на
рана детекција и третман на лицата со попреченост. Во таа насока спроведов-
ме и истражување на 47 семејства кои имаат дете со попреченост. Целта на
истражувањето беше да детектираме кога ги забележале првите проблеми, кој
ги забележал и кога започнале со третман. Според добиените резултати во 80%
од примерокот првите знаци на нетипичен развој ги забележале нивните роди-
тели (почесто мајката), а кај 57% од децата третманот започнал после една и
повеќе години по добивање на дијагнозата.
Проблемите со раната интервенција сметаме дека можат да се надми-
нат со следење на трендот за семејноориентирана рана интервенција, поголема
поддршка на семејствата и вклучување на семејниот едукатор како дел од
стручниот тим.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-16