ТЕРАПИЈА СО ПРИМЕНА НА ЖИВОТНИ КАЈ ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2073439rc
Клучни зборови: ТЕРАПИЈА, ЖИВОТНИ, КУЧЕ, ПОПРЕЧЕНОСТ, РАЗВОЈНИ ПРИДОБИВКИ

Апстракт

Иако терминот терапија со примена на животни е релативно нов,
употребата на животните за надминување на болест или настаната состојба
кај луѓето не е нова идеја. Најрана примена на животните во тераписки цели би-
ла забележана во Белгија, каде животните и луѓето биле рехабилитирани заедно, а
животните претставувале значаен дел од природната терапија на луѓето.
Примената на различни терапии и активности со децата со попрече-
ност со цел подобрување на нивната целокупна состојба и реализирањето на се-
којдневните активности се проширува. Еден од современите пристапи во
третманот на децата со попреченост е терапијата со примена на куче и се фо-
кусира на подобрување на физичкото, когнитивното и социоемоционалното
функционирање на личноста.
Нашето истражување беше организирано во облик на квазиексперимент,
во контролната и експерименталната група беа вклучени деца со моторни нару-
шувања, проблеми во говорот и деца со проблеми во однесувањето. Контролната
група подложеше на класичен третман со специјален едукатор и рехабилитатор,
додека во експерименталната група беше применета терапија со куче.
Истражувањата покажуваат дека присуството на куче за време на тера-
пиите им помага на децата да го подобрат своето расположение, ја зголемуваат
волјата за активно учество, полесно емоционално изразување, ги подобруваат или
надминуваат говорните нарушувања, се поттикнува комуникацијата, се подоб-
рува психомоторниот развој и се постигнуваат низа физиолошки придобивки.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-16