ЕМПАТИЈА И СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ КАЈ ДЕЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ
Апстракт
Аутизмот претставува первазивно развојно нарушување кое се дефинира
со постоење на ненормален или оштетен развој кој се манифестира пред тре-
тата година од животот со карактеристичен облик на патолошко функциони-
рање во сите три области на социјалните интеракции, во комуникациите и со
повторувачко однесување (СЗО).
Трудот претставува анализа на литература која го обработува аутис-
тичниот спектар на нарушување, со посебен осврт на емпатијата и система-
тизирањето, две значајни димензии во нивното функционирање и нивното со-
цијална интеракција.
Препораките кои произлегуваат од анализата на повеќе истражувања
укажуваат дека особено значаен е интензивниот ран третман, примена на
стратегии за стимулација на емпатијата и систематизирањето, но и влија-
ние на пошироката јавност за прифаќањето на децата со аутистичен спектар.
на нарушување во сите сфери на општественото живеење.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Наташа Станојковска Трајковска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.