ПАТУВАЊЕ ДО НЕЗАВИСНОСТ И АВТОНОМИЈА: НОРМИ ЗА ТРАНЗИЦИИ И ЕМАНЦИПИРАЊЕ НА ГЛУВИ И НАГЛУВИ АДОЛЕСЦЕНТИ
Апстракт
Кога дискутираме за транзициите на глувите и наглуви адолесценти,
нив треба да ги перципираме холистички и да ги препознаеме природата и ком-
плексноста на врските меѓу традиционалните транзиции. Мерките за „ус-
пешни“ или „неуспешни“ транзиции, не секогаш се усогласуваат со традицио-
налните транзиции засновани на настани како и на институциските транзи-
ции. Треба да ги прошириме нашите сфаќања за процесите на транзиција и по-
сакуваните исходи. Успешната транзиција започнува со довербата во глувите и
наглувите ученици да го водат сопствено планирање за транзиција.
Автономијата на глувите адолесценти е поврзана со подобро вработување
со бројни можности за напредување и повисок приход. Автономните верувања,
капацитети и акции се поврзани со подобрени исходи за учениците со попреченост.
Кога дискутираме за можностите за вработување, јасно е дека постои промена
на традиционалните параметри на индустриското општество. Старите тра-
диционални занимања се заменети со потребата на лицата да се адаптираат на
новите стандарди за работа и на променливите услови на пазарот, преку преква-
лификација или промена на занимањето. За да се подобри развојот на автономи-
јата, средините мора да ги олеснат можностите за индивидуата да преземе кон-
трола врз сопствениот живот, и слободно да донесува одлуки и да прави избори.
Кога дискутираме за независноста и автономија, нив мора да ги поврземе
со новите технологии во подем. Технологијата значи зголемен пристап, независ-
ност и потпирање на себеси. Со високите очекувања од родителите и настав-
ниците и преку користење на технологијата во образовни цели, овие глуви и
наглуви адолесценти ќе бидат подготвени за факултет и за соодветни кариери.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Александра Каровска Ристовска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.