СЛЕПИЛО И АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2073377dr
Клучни зборови: СЛЕПИЛО, АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊА, ПРЕВЕЛЕНЦИЈА, ИНСТРУКЦИОНАЛНА ПРОГРАМА

Апстракт

Аутистичниот спектар на нарушување (АСН) е честа појава кај децата
со слепило. Разликувањето на карактеристиките „слични на аутизам“ и „вис-
тински“ аутистички карактеристики е многу тешко, и бара клиничко искус-
тво со деца со слепило и нивниот типичен развој, како и соодветно приспособе-
ни алатки за проценка.
Целта на овој труд е да се направи преглед на карактеристиките на сле-
пилото и АСН. Анализирана е стручна литература според критериумите на
ПРИЗМА. Направена е детална анализа на публикации од ЕРИК, ЕБСКО,
Science-Direct, PROQUEST, SCOPUS, and Google Scholar. Најновите истражува-
ња покажуваат дека преваленцата на АСН е поголема кај лица со оштетен вид
(48%) отколку кај општата популација (1,5%), а ризикот од АСН се зголемува
со сериозноста на оштетување на видот. Исто така, истражувањата покажу-
ваат дека одредени етиологии на слепило се особено висококоморбидитетни со
АСН, како што е хипоплазија на оптичкот нерв, прематурна ретинопатија и
анофталмија.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-16