СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ ВО УСЛОВИ НА КРИЗА
Апстракт
Кризата која започна во 2019 и е актуелна и во 2020 година, базира на
пандемија и е со здравствено-социјални последици. Коронакризата го потресе
светот во невидени размери. Споредбите со претходните кризи укажуваат на
драматичност и огромна загуба на човечки животи. Целосната мобилизација
на државите бараше од нив да преземаат разни видови мерки. Мерките се здрав-
ствени, социјални, економски, правни, политички, хигиенски, образовни, фис-
кални, транспортни, безбедносни итн. Сите тие се комплексни и мултиди-
мензионални, а влијаат на бројни аспекти на животот и на социјалната сигур-
ност на луѓето. Блокадите на границите, запирање на авиотранспортот, же-
лезничкиот и друмскиот сообраќај значеше целосна изолација на луѓето. Драс-
тичното ограничување на движењето на луѓето како и последиците од наведе-
ните мерки доведоа до социјална несигурност и до појави кои не се целосно објас-
нети, а кои треба да бидат согледани во бројни научни дисциплини.
Меѓу највидливите последици, покрај здравствените се и економските
како и социјалните кои непосредно ги почувствуваа сите луѓе. Веројатно уште
долг временски период овие мерки ќе продуцираат ограничувања кои се објасну-
ваат како потреба да се сочува здравјето и социјалната сигурност на луѓето. Во
трудот се согледува социјалната сигурност во услови на криза и влијанијата
кои се јавуваат од институционалните и системските решенија кои се нудат.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Јован Пејковски
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.