СИСТЕМСКА СЕМЕЈНА ТЕРАПИЈА ВО РАБОТА СО КОРИСНИЦИ НА НАРКОТИЧНИ СРЕДСТВА

  • Софија Георгиевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2073343g
Клучни зборови: СИСТЕМСКА СЕМЕЈНА ТЕРАПИЈА, ТРЕТМАН, ЗАВИСНИЦИ

Апстракт

По долгогодишни медицински истражувања, јасно е дека зависноста од
дроги е сложено мултифакторско биолошко и нарушено однесување. Научните
достигнувања овозможуваат развивање на третмани кои го помагаат нормали-
зирањето на функционирањето на мозокот на засегнатите лица и ги поддржу-
ваат во менувањето на нивното однесување. Нудењето третмани врз основа на
научни докази сега им помага на милиони засегнати лица да ја вратат контро-
лата врз нивните животи. Токму психосоцијалната работа со овие лица пружа
вакви методи кои во соработка со зависникот кој секако мора да биде подготвен
на овој вид соработка може да продуцираат ефекти позитивни и за него и за
средината вклучувајќи го и семејството кое секогаш е најзасегнато од зависнич-
киот проблем.
Овој труд обработува дел од тие методи, односно системска семејна те-
рапија која би овозможила прогрес во однесувањето на зависникот, неговата
желба за промена во однесувањето односно третмани за лечење и превенција од
релапс и рецивидно однесување. Целата таа композиција на психосоцијална ра-
бота, работа преку семејните терапии, и контрола над зависникот овозможе-
но и потпомогнато од официјалните здравствени и граѓански асоцијации при-
донесуваат за оформување на целокупна стратегија за помош на зависниците и
намалување на бројот на зависници во државата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-16