ДАРК ВЕБ – НОВА ТРАНСНАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА
Апстракт
Во последните години, Дарк веб се претвори во една од најдискутираните
теми во круговите за кибербезбедност. Неодамнешните академски анализи и
написи за медиуми имаат тенденција да се фокусираат како се користи ано-
нимната природа на Дарк веб со цел да се овозможат криминални активности.
Оваа статија ги анализира и ги потенцира главните улоги што ги има Дарк веб
како маркет; како комуникациска платформа; како овозможувач на киберкри-
минал; како овозможувач на анонимни финансиски трансакции и како полно-
мошник на површинската мрежа. Поточно, привлекува внимание „црниот па-
зар“ на интернет-темната мрежа бидејќи претставува скриен простор ста-
нувајќи најголема аплицирана анонимна мрежа. Овој успех е поддржан од бројни
одлики, карактеристики што се вградени во високотехнолошката структура
на темната мрежа, на пример, тајност, анонимност и употреба на криптова-
лути. Различното опкружување на пазарот Дарк веб кое е крајно анонимно, та-
инствено, како и сигурно, го етаблира како случај за тестирање за неограничен
интернет кој може да се добие на маркетот.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Тања Милошевска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.