„ХУМАНИОТ“ АСПЕКТ ОД МОЖНАТА УПОТРЕБА НА НЕУТРОНСКОТО ОРУЖЈЕ
Апстракт
Неширењето на нуклеарното оружје е предмет на политика и општес-
твена одговорност за мирот во светот, додека мирнодопското ширење на нук-
леарната технологија е предмет на слобода, суверенитет и рамноправност на
нациите.Познато е дека усовршувањето и развојот на нуклеарното оружје во
ерата на Студената војна било постојан процес. Во овој труд авторот се освр-
нува на причините кои што стоеле зад развојот и воведувањето во вооружување-
то на одреден тип нуклеарно оружје кое согласно тогашните развојни програми
се класифицира како оружје со интензивно почетно нуклеарно зрачење. Неут-
ронското оружје се јавува делумно и како последователност на доктрините на
нуклеарните земји согласно класификацијата на можните војни кои би се воде-
ле во таа ера. Логична последица на таквата состојба била ограничената нукле-
арна војна, во која нуклеарните сили не станале само сопственици на нуклеар-
ното оружје, туку и негови заложници. Визијата била дека во натпревар со огра-
ничени нуклеарни удари, победник можеби би била онаа страна која во дадени-
от момент ќе располага со посовршено оружје. Неутронската бомба, официјал-
но дефинирана какоко оружје со засилено зрачење, е термонуклеарно оружје со
низок принос кое е дизајнирано да ја максимализира смртоносната неутронска
радијација во непосредната близина на експлозијата, а при тоа да ја минимизи-
ра физичката моќ на самата експлозија. Останува прашањето дали ширењето
на различни, па и делумно неточни информации дека заштитата е многу
отежната , речиси невозможна, може да има еден дополнителен мотив за про-
изводство и ширење на ова оружје – да се влијае на моралот, на политичката
состојба и да се врши психолошки притисок не само на вооружените сили туку
и на населението воопшто?!
Downloads
Авторски права (c) 2020 Ванчо Кенков
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.