ПОЛИТИКА НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТАЛИЈА
Апстракт
Безбедносната политика на Република Италија служи како клучна рам-
ка за реализирање на фундаменталните интереси во државата. Нема сомнева-
ње дека безбедносната политика на Италија има специфично место со оглед на
тоа дека таа ги обединува вкупните напори во државата за адекватен одговор на
заканите. Несомнено тоа придонесува за обликување мерки од безбедносен ка-
рактер, за дејствување на безбедносниот сектор во уставно дозволената рамка.
Безбедносната политика истовремено овозможува политичките цели да пре-
раснат во политичка безбедносна доктрина со која ќе се настојува да се проду-
цира оптимален концепт и стратегија на постапки заради остварување на по-
ставените цели. Сложеноста, променливоста и меѓусебната условеност на без-
бедносниот систем и на безбедносната политика е причина што на едно место
се анализирани овие два сегмента во Италија. Анализата е поткрепена со многу
прашања и аналогно на тоа и со многу одговори поврзани со креирањето на без-
бедносната политика и условите во кои се остварува.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Оливер Бакрески
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.