ЕФЕКТИ ОД ПРИФАЌАЊЕТО НА МАСКУЛИНИТЕ НОРМИ ВРЗ ДОБРОСОСТОЈБАТА НА МАЖИТЕ
Апстракт
Со оглед на акумулацијата на докази за комплексните врски помеѓу ро-
довите норми и добросотојбата, проучувањето на ефектите на маскулините
норми врз здрвјето на мажите сѐ повеќе станува фокус на интерес на јавното
здравство. Ова истражување е обид да се придонесе кон расветлување на поврза-
носта меѓу прифаќањето на различните аспекти на хегемоната маскулина
норма со самодовербата и задоволство од животот од една страна и депресив-
носта, анксиозноста, стресот, емоционалната затвореност и преземањето ри-
зици по здравјето од друга. Примерокот на кој се прибирани податоците е сос-
тавен од 310 мажи, етнички Македонци од 20 различни градови во земјата, на
возраст меѓу 20 и 30 години.
Резултатите од анализата на корелациите меѓу осумте вклучени вари-
јабли, освен што јасно ја потврдија потребата од анализа на различните аспек-
ти на маскулиноста врз однесувањето на мажите, сугерираат и дека за оваа
возрасна категорија мажи, идентификацијата со хегемоната маскулиност но-
си повеќе потенцијални опасности од придобивки. Така, додека прифаќањето на
хегемониот идеал е позитивно поврзан со самопочитувањето и задоволството од
животот низ само мал број аспекти, поголемиот дел од нив се асоцирани со не-
подготвеност да се споделуваат емоции, депресивност, стрес, анскиозност и одне-
сувања ризични по здравјето.
Downloads
Авторски права (c) Николина Кениг
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.