АРХЕЛАЈ И ПРЕСТОЛОТ
Апстракт
Филозофот Платон тврди дека македонскиот крал Архелај, наводно неза-
конит син на Пердика II и на робинка, ги убил сите законски наследници на прес-
толот и насилно ја приграбил кралската власт во Македонија. Иако оваа приказ-
на била добро позната во античко време, современите историчари ја оспорува-
ат делумно или во целост; сепак, сите обиди да се докаже дека е неоснована се
темелат врз претпоставки и врз конјектури на инаку неврзани аргументи.
Повторната анализа на изворните податоци и споредбата со соодветни приме-
ри за наследувањето на кралската власт во Македонија укажуваат дека работи-
те со наследството во Ајга сепак не биле сосем чисти; дека молкот на Тукидид
за пренесувањето на власта сѐ додека не го претстави Архелај како крал, не е
пресуден, но е во најмала рака индикативен; дека положбата на Архелај во однос
на наследството била проблематична, без оглед дали бил законит син; и најпос-
ле дека, ако ништо повеќе, приказната на Платон заслужува многу поголемо
внимание и никако не смее да се отфрла по инерција, како што обично се прави.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Војислав Саракински
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.