ОСВРТ ВРЗ НЕКОИ АСПЕКТИ НА ОДНОСОТ МЕЃУ ПЕДАГОГИЈА И ПОЛИТИКА
Апстракт
Воспитанието и образованието како предмет на педагогијата во поши-
рока смисла, секогаш биле од посебен општествен и државен интерес. Државата
со своите инструменти на владеење, настојувала да ја спроведе својата полити-
ка во областа на воспитанието и образованието. Самиот збор политика упа-
тува на поимот држава, државни работи, работи кои се од државен интерес.
Тој интерес мошне експлицитно се изразува во функцијата и структуриранос-
та на училиштето и училишниот систем, особено за задоволување на основни-
те потреби на секоја држава.
Во трудот се даваат определени толкувања на поимите политика на об-
разованието и образовна политика (politics of education и education policy), се ука-
жува на разликите во нивниот третман и значење. Се потенцира дека педаго-
гијата е автономна во однос на воспитно-образовната политика на државата
или политичките носители на таквата политика, има критичен однос кон
политиката и политичката концепција на целите, автономна е и кон вос-
питно-образовната практика, критична е и кон неа, затоа што не може секоја
воспитно-образовна практика да биде извор на педагошко сознавање, да се издиг-
не до ниво на теорија која од таа позиција ќе ја унапредува педагошката прак-
тика. Во таа смисла проблемот на односот на политиката и педагогија, се раз-
гледува според структурата: политика (воспитно-образовна политика), педаго-
гија (наука, теорија), воспитно-образовна практика (педагошка практика).
Во тие процеси и односи мора да постои перманентно преиспитување и
валоризација на воспитно-образовната политика, особено на нејзините цели и
образовна стратегија, и на воспитно-образовната практика и на постулатите,
моделите и средствата што ги нуди педагогијата како наука. Остварувањето
на целите во развојот на воспитно-образовните системи треба да бидат ком-
патибилни со правците на развојот на образованието на глобално ниво, но сепак
успехот зависи од општествениот, културниот, економскиот и образовниот
контекст на државата.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Анета Баракоска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.