РАЗМИСЛА ЗА ЕТИКАТА НА СВЕТИНАУМОВОТО ЧУДОТВОРСТВО И НА НАРОДНИОТ ДУХ
Апстракт
Поаѓајќи од тоа дека не е доволно само да се тргаш од злото, туку дека
суштината е тргајќи се од злото и да го тргнеш злото, а тоа го можеш само ко-
га ќе почнеш добро да постапуваш, долично на човека како Божји храм - станува
јасно зошто и како една етика на практично дејствување, како што тоа е слу-
чајот со свети Климент, прераснува во една етика на духовно обликување на
просторот и луѓето каде што се живее. Дека на свети Климент му поаѓа од ра-
ка доказ е и случајот со свети Наум, па затоа не треба да нè чуди што освен
што е прогласен за светец, многу почесто се нарекува и „чудотворец“.
„Чудотворец“ може да се стане ако одредена група, одредени „исцелени-
ја“, ги прогласи како Божјо чудо, или кога, разбирајќи ја етиката на своите учи-
тели Кирил и Методиј, но пред сè Климент, тие ви стануваат појдовница за
создавање простор во кој човекот ќе дојде до она што го прави човек - духовен
простор во кој тој ќе се најде себе си отворајќи се за Духот. Притоа, не нарушу-
вајќи го идентитетот, ниту Божји, ниту монашки, ниту канонски, и отво-
рајќи простор за градење цркви на чии ѕидови ќе се даде простор за антиципа-
тивно коментирање на светот, но и простор за оние кои ќе влезат во нив гле-
дајќи ги фреските, иконите, слушајќи го Божјото слово, да дојдат до себе како
храм Божји, но универзално етички граден – е резултатот кој ја потврдува оваа
етика на чудотворство, етика на народниот дух. Ваков етички квалификатив
на Наумовиот животен резултат е и предмет на анализа на овој текст.