ИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈАТА И ПРОМЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВА
Апстракт
Низ историјата, семејствата доживеале значителни значајни промени.
Од прединдустриската ера до денес, семејните структури еволуирале поради
индустријализацијата, технолошкиот напредок и менувањето на општестве-
ните вредности. Во прединдустрискиот период, семејствата се фокусирале на
пренесување основни вештини на децата, при што жените првенствено раково-
деле со домашните работи, а мажите преземале авторитативни улоги. Сепак,
индустријализацијата довела до многу промени во семејствата и начинот на
живот: членовите на семејството се приклучиле на работната сила, жените
добиле поголема важност во јавниот живот и традиционалните родови улоги се
промениле. Појавата на капитализмот ја менува економската динамика нагла-
сувајќи го индивидуализмот. Технолошкиот напредок дополнително го тран-
сформира општеството, влијаејќи на медицината, комуникацијата и на се-
којдневниот живот. Денес, браковите значајно се намалуваат, бројот на разводи
се зголемува, а стапките на фертилитет се сè пониски. Исто така, се одложува
бракот и раѓањето. Овој труд има за цел да направи преглед на карактеристи-
ките и на начинот на живот на семејствата пред индустријализацијата и да ги
анализира влијанието и промените на семејствата предизвикани од ефектите
на индустријализацијата.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Македонка Радуловиќ
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.