ТЕОДОСИЈУС ДОБЖАНСКИ И ЕВОЛУЦИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: ЕДЕН ПОИНАКОВ ПРИСТАП
Апстракт
Текстот е плаузибилен приказ и критички осврт врз главното дело на
Теодосијус Добжански: „Еволуција на човештвото“. Тој настојува да покаже и
да докаже дека Добжански се обидува и во голема мера успева да понуди едно
пoинакво, да кажеме, дијалектичко толкување на биолошката еволуција на чо-
вештвото, т.е. фазите и разликите во еволуцијата на човечкиот вид и род. На
трагите, но и за разлика од традиционалниот дарвинизам и некои слични ево-
лутивни теории, Добжански инсистира врз тврдењето дека еволуцијата, пред
сè биолошка, не е завршена, туку дека таа и натаму трае, и покрај човековата,
т.е. културна интервенција, имено едновремено и заедно/конјунктивно со неа,
а која настојува да влијае и да ги промени насоките на досегашните природни
теченија и процеси. Во текот на повеќемилениумската историја, биологијата
и културата станаа меѓузависни и интерферентни, со што човекот (жената
и мажот) со својата појава се наметнал како главен и најодговорен фактор/чи-
нител на судбината на човековиот род и опстанокот на човековата заедница/
човечкиот вид, имено опстанокот на него самиот, но и на тоталитетот и це-
лината на планетарниот биодиверзитет, како на нужен предуслов за сопстве-
ниот опстанок и преживување.
Во своите истражувања на еволуцијата на човештвото Добжански тр-
гнува од инспиративните ставови на некои познати претходници, каков што е
на пример Пјер Тејар Де Шарден, но можеме аргументирано да констатираме
дека Добжански влијаел врз многу негови современици, меѓу другите и врз Ноам
Чомски, посебно кога станува збор за лингвистичките истражувања на генезата
и настанокот на човековиот јазик, и влијанието на трансформативно-генера-
тивната граматика врз развојот на човековиот ум, т.е. врз развојот на човеко-
виот мозок.
Едновремено, можеме да констатираме дека истражувањата и созна-
нијата на Добжански кореспондираат и коинцидираат со истражувањата и со
етичките ставови на некои современи биоетичари, философи на биологијата и
културолози, како и со ставовите на множество истомисленици и следбеници.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Денко Скаловски
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.