НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Апстракт
Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост (КПЛП) со
Факултативниот протокол кон неа е првиот обврзувачки правен акт и водеч-
ки меѓународен инструмент во однос на правата на лицата со попреченост.
Едно од начелата на КПЛП е „почитување на вроденото достоинство, инди-
видуалната автономија вклучувајќи ја слободата за носење сопствени избори и
самостојноста“, со што лицата со попреченост се препознаваат како носители
на права имајќи ја предвид нивната специфична ситуација. КПЛП во членот 6
препознава дека „жените и девојките со попреченост се предмет на повеќекра-
тна дискриминација“ и им наложува на земјите потписнички да „преземат
мерки за да обезбедат нивно целосно и еднакво уживање на сите човекови права
и основни слободи“. Истражувањето е направено со цел да се испита подготве-
носта на државата институционално да ја покрие информираноста на девојки-
те и жените со попреченост, нивната едукација по прашањето на насилство,
пристап до услуги и информации соодветен на потребите на секоја категорија
одделно, како и системски решенија за нивна заштита од насилство. Примене-
та е квалитативна истражувачка стратегија, а истражувањето е спроведено со
претставници на центрите за социјална работа, претставници од Министер-
ството за труд и социјална политика, стручни лица кои се директни даватели
на услуги од областа на вонсемејна заштита, како и самите девојки и жени со
попреченост. Главните заклучоци кои произлегуваат од истражувањето велат
дека девојките и жените со попреченост се повеќе подложни на насилство, осо-
бено од страна на нивните партнери или од членови на семејството. Потребна
е поголема информираност за препознавање и охрабрување за пријавување насил-
ство.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Наташа Станојковска Трајковска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.