РАЗЛИКИ МЕЃУ РЕДОВНОТО И СПЕЦИЈАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Апстракт
Инклузивното образование е процес кој интегрира ученици со посебни
потреби во редовните училишта, обезбедувајќи им соодветна поддршка и адап-
тации. Овој труд ги разгледува разликите меѓу редовното и специјалното об-
разование, фокусирајќи се на правото на образование, цели и пристапи, одговор-
ности и надлежности, наставни програми, фокус на образованието, подготовка
на наставници, услови за учење, методи на подучување, стандарди за учење,
оценување и проценка, компетенции на наставници, образовни истражувања и
законска регулатива. Во Македонија, инклузивното образование започна во 1998
година и сè уште е во процес на развој, насочено кон целосна инклузија на уче-
ниците со попречености, која е пропишана во Законот за основно образование
донесен во 2019 година.
Методологијата вклучува анализа на постоечките истражувања и за-
кони, како и компаративна студија на редовното и специјалното образование.
Користени се податоци од релевантни извори како што се европските и нацио-
налните агенции за образование, извештаи на УНИЦЕФ и закони за специјално
образование. Оваа методологија овозможува детален преглед на тековната сос-
тојба и на предизвиците во инклузивното образование.
Заклучокот е дека иако се направени значајни напори за интеграција на
учениците со посебни потреби во редовните училишта, постојат многу предиз-
вици кои треба да се надминат. Потребна е подобра поддршка за наставниците,
повеќе ресурси и финансирање, како и промена на ставовите во општеството.
Со соодветни мерки и политики, може да се постигне вистинска инклузија и
квалитетно образование за сите ученици.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Наташа Чичевска Јованова
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.