РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И СТРАТЕГИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА

  • Софија Георгиевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Славица Наумова
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2477489g
Клучни зборови: родово базирано насилство, законодавна рамка, превенција и заштита, истанбулска конвенција, правна помош

Апстракт

Родово базираното насилство (РБН) претставува сериозен социјален и
правен проблем кој ги засега сите општества, вклучувајќи ја и Северна Македо-
нија. Овој вид насилство е длабоко вкоренет во нееднаквите односи на моќ меѓу
половите и општествените норми кои ги засилуваат тие нееднаквости. Родово
базираното насилство вклучува физичко, сексуално, психолошко и економско
насилство насочено кон личност поради нејзиниот пол или род. Тоа не само што
предизвикува директна штета врз жртвите, туку и влијае на нивната благосос-
тојба, личен развој и учество во општеството.
Северна Македонија, како земја која се стреми кон евроинтеграција и
усвојување на европските вредности, презема значајни чекори за справување со
овој проблем преку законодавство, стратегии и програми за превенција и зашти-
та на жртвите. Сепак, остануваат бројни предизвици кои ги попречуваат овие
напори, како што се недоволната свест на јавноста, културните бариери, неа-
декватната имплементација на законите, недоволната поддршка за жртвите,
како и нееднаквост во пристапот до правда на жртвите.
Овој труд има за цел да ги анализира тековните состојби во однос на ро-
дово базираното насилство во Северна Македонија, да ги идентификува главните
предизвици со кои се соочува земјата и да предложи конкретни стратегии и
мерки за нивно надминување. Преку анализа на постоечките податоци, законо-
давната рамка и студија на случај, ќе се обидеме да обезбедиме целосен преглед
на проблемот и да понудиме препораки за подобрување на ситуацијата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25