МАЛИТЕ ДРЖАВИ И РАЗВОЈОТ НА НИВНАТА НАДВОРЕШНА БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА ОД АСПЕКТ НА БЕЗБЕДНОСНИОТ МЕНАЏМЕНТ
Апстракт
Надворешната безбедносна и одбранбена политика претставува меѓуза-
висна компонента на безбедносниот менаџмент. Согласно со неокласичната
дефиниција на безбедносниот менаџмент во доменот на надворешната безбед-
носно-одбранбена политика, тој опфаќа низа практики, стратегии и принципи
насочени кон заштита на средствата, информациите и ресурсите од различни
закани и ризици преку развој на цивилни и воени вештини. Од аспект на ре-
алистичка теорија, природата на меѓународната структура е дефинирана со
нејзиниот уредувачки принцип, односно со рамнотежата и дистрибуцијата на
моќта помеѓу државите и меѓународните институции. Оттука, се поставува
прашањето која е позицијата и улогата на малите држави во меѓународниот
систем од аспект на безбедносниот менаџмент, од каде и произлегува главната
хипотеза на овој труд, што ја истакнува потребата од соодветно менаџирање
на безбедносните трендови, како на национално ниво, така и во поширок меѓу-
народен контекст.
Преку примена на индуктивен метод на квалитативна анализа на при-
марни и секундарни извори, компаративен приказ на комбинирани податоци и
идентификација на каузални влијанија се истакнува улогата на механизмите
кои имаат најмногу потенцијал да постигнат оптимален исход во позициони-
рањето на малите држави со ограничено политичко влијание и низок безбедно-
сен удел. На тој начин, преку примена на соодветни модели за спроведување на
функциите на безбедносниот менаџмент, малите држави создаваат простор за
учество во безбедносните маневри.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Лета Барџиева Миовска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.