КОН ОДРЖЛИВИ КОНФЛИКТНИ РЕШЕНИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ
Апстракт
Предвидувањата и очекувањата за помирољубиви, побезбедни и
кооперативни односи во меѓународниот систем со почетокот на XXI век, за
жал не се остварија. Имено, и денес сме сведоци на бројни насилни внатрешни,
но и конфликти помеѓу држави, чиешто решавање и разрешување не е ниту
на повидок. Оттука, неминовно се наметнува дилемата за апликативноста,
ефикасноста и одржливоста на постоечките пристапи за справување со
конфликтите, т.е. дали истите нудат прифатлива платформа за креирање
реални решенија, а во таа насока, кои се и главните предизвици на овој план.
Во тој контекст, целта на анализата во трудот е истражување на можните
одговори на посочената дилема. За таа цел, фокусот е конкретно ставен
на анализа на постоечките предизвици од односот теорија - практика и од
излезните решенија врз апликативноста и одржливоста на инструментите и
методите на пристапите за решавање и за разрешување на конфликти.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Александар Павлески
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.