МЕЃУЗАВИСНОСТА НА ПЛАНИРАЊЕТО, ПРОГРАМИРАЊЕТО И БУЏЕТИРАЊЕТО
Апстракт
Планирањето е важна процесна функција и е многу сложена, динамична
и специфична активност што значи дека неговиот предмет го сочинуваат
сите облици на општествена активност, дејности и живот. Планирањето
и програмирањето се подеднакво значајни за сите субјекти без разлика на
нивната големина и цели, бидејќи сите тие имаат искусено болни проблеми
со нивните планирачки напори. Некои произлегуваат од самиот планирачки
процес, а некои од имплементирачката процедура. Затоа се поставува
прашањето: „Како да се помогне во надминување на неуспесите во планирањето
од неуспесите во имплементацијата?“ Оттука, раководниот тим нема из-
бор во однос на прашањето: „Дали тој сака да планира или не?“ Единствени-
от избор е планирањето да се изведува целосно, прагматично и систематично.
Од друга страна, програмирањето го поврзува планирањето со буџетирањето
и извршувањето, и претставува своевидна рационална претпоставка за да се
„претвораат“ плановите од усвоени планови во програми, односно проекти
и активности низ главни сметководствени категории, а во согласност со
посакуваните способности и приоритети. Анализата на целокупната
проблематика обработена во овој труд се остварува на еден мошне специфичен
начин низ призмата да бидат идентификувани не само проблемите поврзани
со планирањето, програмирањето и буџетирањето, туку и давање научен
придонес во фундирањето на оваа мошне важна условеност и меѓузависност.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Оливер Бакрески
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.