ПОЛИТИЧКИ АКТЕРИ И ПРАШАЊА НА ПОЛИТИКАТА ЗА РЕЛИГИЈА ВО ЈАВНИОТ ДИЈАЛОГ И МИРОТ

  • Лидија Георгиева Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2477259g
Клучни зборови: религија, дијалог, политички чинители и процеси, градење мир

Апстракт

Целта на овој труд е да се воспостави врска помеѓу клучните политички
актери и значајните политички прашања во врска со религијата во јавниот дис-
курс и градењето мир во поширок контекст. Предизвикот лежи во решавањето
на дилемите околу тоа дали дискусиите за религијата, нејзиното влијание врз
помладите генерации и нејзината улога во создавањето мир се единствено под
влијание на религиозните фактори или дали и други општествени и политички
актери имаат улога. Преку нашето истражување, идентификувавме тековни
политички процеси кои имаат потенцијал да го подобрат верскиот дијалог и
создавањето мир на различни нивоа. Ова мапирање на актери и процеси е ба-
зирано на анализа на литература, воспоставени академски и социјални мрежи
како Culturelink (Мрежа на мрежи за истражување и соработка во културниот
развој, основана од УНЕСКО и Советот на Европа), веб-пребарувања и интер-
вјуа со засегнатите страни. Резултатот од оваа анализа е сеопфатна листа од
над 300 актери документирани во проектот RETOPEA Horizon 2020. Главната
теза е дека тековните политички процеси нудат можности за зајакнување на
дијалогот, кој е посилен во некои европски земји, наспроти други во кои истиот
недостига кога станува збор за решавање на прашања поврзани со враќањето на
религијата во меѓународната политика и напорите за градење мир.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25