ИНТЕГРИРАЊЕ НА МОРАЛНОСТА ВО ИНТЕЛИГЕНТНИТЕ МАШИНИ – МОЖЕ ЛИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА САМОСТОЈНО ДА НОСИ МОРАЛНИ ОДЛУКИ?
Апстракт
Со експанзијата на вештачката интелигенција и напредните
технологии, светот во 21 век бргу се менува и наметнува нова динамика
на живеење. Иако ваквите промени ги засегаат сите возрасти, помладите
генерации побрзо ги прифаќаат и реагираат попозитивно на нив. Новите
кохорти - генерација Z и алфа - живеат во дигитален свет кој влијае врз нивниот
начин на живот, интерперсоналните релации, квалитетот на менталното
здравје, психолошката благосостојба и секојдневните предизвици со кои се
соочуваат. Присуството на таканаречениот „Франкенштајн ефект“ кај
некои возрасни, предизвикан од брзиот развој на вештачката интелигенција и
роботиката, ја одразува позицијата „луѓето против машините“, сфаќајќи ја
вештачката интелигенција како закана за човештвото. Сепак, реалноста е
дека дигиталниот и човековиот свет не се во конфликт, бидејќи многумина
веќе секојдневно ги користат алатките на вештачката интелигенција. Таа
е присутна во одредени аспекти на медицината, образованието, бизнисот,
правото, земјоделието, индустријата, вселенската технологија и во многу
други области. Имајќи го ова предвид, доменот на моралот се наметнува
како многу важен. Едно често поставувано прашање е: Дали вештачката
интелигенција има капацитет самостојно да донесува морални одлуки? Затоа,
интегрирањето на моралот во алгоритмите на вештачката интелигенција
е еден од приоритетите на кои интензивно работат интердисциплинарни
тимови од областа на инженерството и компјутерските науки, психологијата,
филозофијата, социологијата, правото итн. Овој труд го разгледува ова прашање
преку презентирање на наоди од неодамнешни релевантни истражувања кои ги
дискутираат предизвиците и можностите за интегрирање на димензиите на
моралот и воведувањето на човечките вредности во автономните системи кои
извршуваат сложени задачи.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Ана Фрицханд
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.