ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И РАЗВОЈОТ НА ВЕШТИНИ КАЈ ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Апстракт
Во рамките на глобалната економија која брзо се развива, усогласувањето
на барањата на пазарот на трудот со потребите за развој на вештини кај во-
зрасните е клучен елемент за одржлив економски раст и за индивидуален успех
во кариерата. Ова усогласување осигурува дека работната сила останува конку-
рентна, прилагодлива и способна да ги исполни барањата на индустријата, но и
да ги задоволи индивидуалните интереси. Од друга страна пак, неусогласеноста
помеѓу барањата на пазарот на труд и достапните вештини може да доведе до
зголемување на невработеноста меѓу популацијата, намалена економска проду-
ктивност, незадоволство во работата, миграција итн. Решавањето на овој јаз
бара сеопфатен пристап, односно разбирање на тековните и идните трендови
на пазарот на трудот синхронизирани со соодветен систем од програми за об-
разование и обука.
Образованието на возрасните и континуираниот професионален развој
играат клучна улога во овој контекст, овозможувајќи им на работниците да
стекнат нови вештини и да ги надградат постојните како одговор на техно-
лошкиот напредок и менувањето на работните улоги. Соработката меѓу креа-
торите на политиките, образовните институции и индустриските чините-
ли е од суштинско значење за да се создадат соодветни и современи програми за
обука кои ја одразуваат динамичната природа на пазарот на трудот. Покрај
тоа, ефективните стратегии за развој на вештини во едно општество може да
го подобрат задоволството од работата, да го зголемат потенцијалот за зара-
ботка и да ги намалат социоекономските нееднаквости. Со поттикнување на
културата на доживотно учење, општествата можат подобро да ја подготват
својата работна сила за предизвиците на иднината, обезбедувајќи економска
отпорност и подобрен квалитет на живот за поединците. Овој стратешки
пристап носи позитивни придобивки како за работодавачите, така и за врабо-
тените, промовирајќи поинклузивен и посилен пазар на труд.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Елена Ризова
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.