ГМО1 - ШТО Е ТОА И ШТО ЌЕ НИ Е ТОА НАМ!?

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo247709d
Клучни зборови: ГМО, биоетика, биотехнологија, природа, одговорност

Апстракт

Биоетичкото размислување во однос на биотехнологијата треба да има
важна улога во нашите животи, гледишта и законодавство. Главните дебати беа
и сè уште се околу регулативата, безбедноста и моралниот статус на одредени
апликации на модерната биотехнологија, како што е ГМО. Има стравувања во
врска со тоа дека технологијата е автономна без јавна контрола поради нејзи-
ниот стратешки карактер. Свеста за технолошкото влијание врз современиот
живот станува сè поочигледна како што продолжува да се развива примената на
биотехнологијата. Како тогаш можеме да создадеме платформа за ракување со
биотехнологијата на начин што ќе се усогласи со нашите ставови за добар жи-
вот, т.е. на здрав, корисен и еколошки одржлив начин?
Оваа статија токму затоа покренува на дискусија некои важни пра-
шања што треба да се земат предвид во однос на етичките димензии на тех-
нологијата и како таа се користи. Дали се применува кон поголемо добро? И
дали сегашните регулативи или недостатокот од нив ги прекршуваат нашите
одговорности кон другите со тоа што не им дозволуваме да изберат дали свесно
и доброволно ги преземаат ризиците од внесување на овие ГМ- супстанции?

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25