ПОЛОЖБАТА НА СЕМЕЈСТВАТА ВО ХОЛАНДИЈА

Клучни зборови: семејство, брак, развод, родителство, Холандија

Апстракт

Овој труд ја анализира положбата на семејствата во Холандија. Анализирани се бракот и врските, односно начинот на склучување и раскинување, потребните услови и слично, родителството и правата и обврските кои произлегуваат, како и генералната семејна структура на семејствата во Холандија. Со цел да се добие поширока слика за семејствата во оваа земја, направен е преглед на неколку индикатори и споредени се статистичките показатели за браковите, разводите и живородените деца од 1950 година до 2017-тата година. Главната претпоставка е дека либералното општество им овозможува на семејствата подобри услови за развој и унапредување.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16