(ПОСТ) ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА СТРАВОТ

  • Денко Скаловски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: СТРАВ, (ПОСТ)ЦИВИЛИЗАЦИЈА, ИДНИНА, ОДГОВОРНОСТ, ГРАД, ЛОГОР, КОНТРОЛА, ГОЛ ЖИВОТ

Апстракт

Главната цел на текстот е да даде приказ/интерпретација/толкување на неколку философски автори и на нивните философски/научни дела кои на каков било директен или индиректен начин го тематизираат/рефлектираат феноменот на стравот кој владее во човековата несвесност/потсвесност/свесност, почнувајќи од антиката па до денес, кога човекот живее во (пост)модерна/постхумана урбана цивилизација/култура. Aктуелната пандемија на КОВИД-19 е само повод да се тргне од низа постари философи и научници, кои на експлицитен или имплицитен начин предупредуваа на опасностите од појава на вакви и слични пандемии и настанување нови и непредвидени човечки ситуации, во кои цивилизацијата се најде како резултат на завладувањето на смртоносни заболувања од секаков вид. Главното внимание е сосредоточено врз неколку (четири) современи философи: Џорџо Агамбен, Славој Жижек, Ливен Де Каутер и Ларс Свендсен.

Во крајниот дел на текстот, наместо вообичаениот заклучок, и со претходни сопствени попатни забелешки и коментари, авторот дава свој краток критички коментар на ставовите и философските/научните предвидувања на авторите кои се предмет на неговата философска и научна критика.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16