СПЕЦИФИЧНОСТИ ВО ПРИМЕНАТА НА НАСТАВНИТЕ СРЕДСТВА И СПЕЦИФИЧНИ ПОМАГАЛА ВО НАСТАВАТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО МОТОРНИ НАРУШУВАЊА

Апстракт

Иако за училиштето размислуваме како за статична институција, сепак образованието го доживува својот подем и се менува, вклучувајќи го и образованието на деца со попреченост.

Со донесување на Законот за образование во 2019 година, во Р Македонија започнува процесот на потполна инклузија, што значи дека основното образование е институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој поддржува вклучување на сите ученици во редовното основно образование.

По предлог на Бирото за развој на образованието, министерот за образование и наука утврди НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ за простор, опрема и наставни средства за основно училиште во Република Северна Македонија. Иако за учениците со ПОП е наведено дека ќе се користат специјализирани наставни средства и учебни помагала како и асистивна технологија во зависност од индивидуалните можности, способности и потреби на ученикот со попреченост, сепак опфатеноста во програмските документи е општа.

Оттука произлезе потребата од пишување на овој труд, да се допрецизираат специфичностите во користењето на наставните средства и помагала во инклузивна училница. т.е. на кој начин наставните средства и учебни помагала кои се предвидени за учениците со типичен развој ќе станат специјализирани, и кои специфични наставни средства, посебни учебни помагала и асистивна технологија се потребни за ученикот со моторни нарушувања.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16
Како да цитирате
Рашиќ Цаневска, О., & Чичевска Јованова, Н. (2021). СПЕЦИФИЧНОСТИ ВО ПРИМЕНАТА НА НАСТАВНИТЕ СРЕДСТВА И СПЕЦИФИЧНИ ПОМАГАЛА ВО НАСТАВАТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО МОТОРНИ НАРУШУВАЊА. Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 74(1), 625-637. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2366