МЕНАЏИРАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Апстракт
Функцијата на менаџирањето со човечките ресурси е да им обезбеди на вработените развивање на нивните способности преку систем на менаџментски постапки, да обезбеди развивање на нивните способности преку селекција и регрутација до промоција и напредни бенефити, компензација, градење кариера и сл. Функцијата, во таа смисла, е да се промовира ефикасен менаџмент-систем преку кој ќе се постигнат долгорочните цели и планови на организацијата. Исто како и кај компаниите од реалниот сектор, така и кај менаџментот со човечки ресурси главната цел е да создаде можност за развој на човечките ресурси како клучен фактор за напредок на организацијата.
Целите на менаџментот со човечки ресурси вклучуваат ефикасно спроведување утврдена политика и координација на човечки ресурси како на национално така и на локално ниво на практикување на власта. Како главни сегменти од ланецот на менаџирање со човечки ресурси се: селекцијата, работните односи и мотивацијата како стожерни фактори, потоа дијагностицирање на потребите на организацијата, консументите, но и на потребите и предизвиците на вработените.