ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ВОЈНАТА - УПОТРЕБА НА КОНВЕНЦИОНАЛНИ ВОЕНИ СИЛИ ПРОТИВ НЕДРЖАВНИ АКТЕРИ

  • Рина Киркова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Ненад Танески
Клучни зборови: ВОЈУВАЊЕ, БУНТОВНИШТВО, ТЕРОРИЗАМ, БЕЗБЕДНОСТ, АСИМЕТРИЧНИ ЗАКАНИ

Апстракт

Веднаш по првичниот воен успех на воените сили на САД во 2001 година и соборувањето на талибанскиот режим во Авганистан, многу брзо почнаа да се формираат бунтовнички муџахедински групи. Мешаните бунтовнички групи кои беа формирани од Талибанци, Хезб и Ислами, мрежата Хагани, странски платеници, локални племиња и криминални организации вршеа постојан притисок за да ја урнат авганистанската Влада. Напорот на САД и коалиционите партнери во справувањето со муџахединските сили понудија одлична можност за да се оцени тоа што функционира и тоа што не функционира во однос на војувањето против асиметричен непријател со конвенционални средства во неконвенционална борбена околина.

Зошто најмодерната софистицирана воена технологија и многубројната конвенционална воена супериорност не успеа да се справи со бунтовничките групи од 4ГВ и не ги исполни очекуваните резултати во сузбивање на заканите за стабилноста во Авганистан? Во овој научен труд ќе се даде одговор на ова истражувачко прашање и воедно ќе се обидеме да ги докажеме причините коишто доведоа до промена на суштината и водење на војната во XXI век.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16